Високо ниво на олово од покривот на Нотр Дам на улиците на Париз

Топењето на покривот на Нотр Дам  доведе до  астрономско високо ниво на олово на плоштадот пред катедралата и на околните улици.

Париската полиција денеска соопшти дека нивото на олово од покривот е помеѓу 10 и 20 грама за килограм почва, што е 32 до 65 пати повеќе од нивото препорачано од француските здравствени власти, а кое изнесува 0,3 грама за килограм.

Областите што се најблиску до катедрала се затворени, објави АП.

Најголема опасност претставува оловната прашина која може да ја прекрие површината на блиските куќи и деловните згради. Со цел да се избегне труење со олово, властите препорачуваат добро чистење со влажна крпа, а бремените жени и децата често да ги мијат рацете.

Стотици тони олово беа користени во конструкцијата на Нотр Дам, како и во црквената кула која изгоре и се урна.

Треба да знаете
Последни објави