Студентските домови во Република Македонија се наликуваат на руина. Сликите кои ги објавија медиумите, од кои се гледаат уништени тоалети се доказ дека власта две години нема направено ништо.
Заев и Каевски ветуваа студентски град, со модерни услови за престој, но две години после тоа нема ништо од најавеното. Студентските домови се во катастрофална состојба, а храната е слаба.
СДСМ нема направено ништо за студентските домови. Две години власта потроши 7 милијарди евра буџет, а притоа не направи ништо за студентите.
Каде отидоа 7 милијарди евра пари на граѓаните?
Наместо да се купуваат фотељи од телешка кожа и пенкала со циркони власта може да инвестира во нови студентски домови.
Наместо да се вработуваат синови и ќерки на функционери, власта може да купи подобра храна за студентските мензи.
Ниското ниво на реализација на капитални инвестиции на власта се должи и на безидејноста.
Инвестициите во студентските домови запреа со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.
Две години студентите мака мачат да преживеат во домовите во Скопје, но и другите градови низ државата.
Негрижата мора да запре. Младите очекуваат промени.