Во Општина Кисела Вода се одиграа последните натпревари во организација на Сојузот за училишен спорт.
Вчера во спортската сала „Независна Македонија” силите на теренот ги одмерија ученичките/одбојкарки од општинските основни училишта. Првото место во женска одбојка го освои ООУ „Партенија Зографски”, второто ООУ „Кирил Пејчиновиќ” и за третото место се изборија ученичките од ООУ „Невена Георгиева – Дуња”. Секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски на најдобрите одбојкарки им подели пехари и медали.
На кошаркарските натпревари учениците од ООУ „Кузман Јосифовски – Питу” го освоија првото место во кошарка. Додека, селекцијата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ” го завзема второто место, а екипата на ООУ „Кузман Шапкарев” заврши на трето место.
Во футсал прво место освоија учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, втора е селекцијата на ООУ „Рајко Жинзифов” и трети завршија учениците од ООУ „Круме Кепески”.
Изминатите неколку месеци во рамки на натпреварувањата на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа повеќе натпревари во футсал, кошарка и одбојка. На истите околу 300 ученици од општинските основни училишта се натпреваруваа во спортските сали: „Независна Македонија” и „Архиепископ Доситеј”.