Во луксузна вила во Лос Анџелес запленети повеќе од 1.000 пушки

Повеќе од 1.000 пушки и пиштоли и илјадници парчиња муниција беа запленети во средата во вила во луксузниот дел на Лос Анџелес, недалеку од палатата „Плејбој“.

Постапувајќи по дојава во врска со нелегална продажба на огнено оружје, полицијата и федералните агенти пристаплие во објектот со налог за претрес околу 4 часот наутро. Инаку, вредноста на имотот се проценува на милиони долари, а истиот се наоѓа на границата меѓу угледните соседства Бел Ер и Холмби Хилс, пренесоа властите.

Фотографии од местото на настанот покажуваат купишта пушки и пиштоли распослани на патеката пред куќата. На други пак се гледа маса на која се наредени многу кутии со муниција.

Иако голем дел од запленетото оружје е современо, некои од пушките се стари и над 50 години, а некои од нив можеби се и колекционерски парчиња кои датираат од Граѓанската војна, објави „Тајм“.

„Никогаш не сум видел толку многу оружје во мојата 31-годишна кариера“, изјавил полицискиот службеник Крис Рамирез. „Станува збор за огромен арсенал на оружје за место како ова, во ваков тип на населба. Целата работа е зачудувачка“, додал тој.

Еден човек бил уапсен на местото на настанот поради сомневање дека го прекршил државниот закон со кој се забранува производство, поседување или продажба на воено оружје и пушки со голем калибар. Неговото име не беше веднаш објавено.

Инспекторите не објавија други детали, како на пример дали оружјето е дел од приватна колекција или на кого му биле продавани пушките.

Треба да знаете
Последни објави