Во португалски камион откриен двајца мигранти од Непал

На 08.05.2019 година во 19.10 часот на Граничниот премин „Богородица“ за влез во Република Северна Македонија се пријавило патничко возило со португалски регистарски ознаки, управувано од К.С.(38) од Непал. При извршен преглед во возилото биле пронајдени сокриени двајца непалски државјани.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „криумчарење на мигранти“ К.С. бил приведен и задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар Гевгелија.

Треба да знаете
Последни објави