Француско основно училиште со многу мал број ученици, поради опасноста од затворање, запиша овци како ученици, пишува „Скај њуз“.
Имено, властите го предупредиле училиштето во малиот град Жул-Фери во Кретс-ен-Беледон, кој се наоѓа во подножјето на Алпите, дека поради многу малиот број ученици, набргу ќе мора да го намалат бројот на часови.
Училиштето во малото гратче, кое има само 4.000 жители, го посетуваат 261 дете. Сепак, десетина овци неодамна се приклучија на листата на ученици, што всушност е симболичен потег од страна на несреќните родители кои ја опишуваат ситуацијата како мизерна.
Овците во училиште ги запишал локалниот фармер Мишел Гирер, кој со помош на куче ги испратил новите ученици во училиште и официјално ги предал нивните изводи од книгата на родените.
„Националното образование, за жал, е сведено на бројки. Сега ги зголемивме овие бројки и сè треба да биде добро, нели?“, рекла Гаел Лавал, една од родителите што ја иницираа оваа иницијатива.