Градежник повреден на автопатот во изградба Миладиновци-Штип

Нa 08.05.2019 година во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 10.00 часот на автопатот во изградба Миладиновци-Штип, кај преминот за с.Мечкуевци, светиниколско, И.И.(24) од с.Вејце, тетовско, паднал од висина од три метри додека извршувал градежни работи.

Притоа, И.И. се здобил со тешки телеснаи повреди и бил пренесен во Клиничката  болница Штип, каде му била укажана леарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската стница Свети Николе, а за настанот бил известен и трудов инспектор.

Треба да знаете
Последни објави