Жбогар: Нема гаранции за датум за преговори во јуни

Евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека не може да соопшти оти земјата ќе добие датум за почеток на преговорите во јуни и порача дека политичарите во Северна Македонија треба да покажат единство.

„Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни. Тоа е одлука на земјите членки. Време е да се покаже единство за целта и да се интензивираат напорите. Прво да се почнат преговорите, а второ да се оди напред во преговорите. Ова го потврдија сите партламентарни партии и тоа се очекува од вас и граѓаните“, рече Жбогар.

Тој додаде дека ЕУ во моментов се соочува со многу предизвици од внатре и од надвор.

„Ние сме пред парламентарни избори, нова комисија и нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината. Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни“, додаде Жбогар.

Треба да знаете
Последни објави