Мајката на поп-пејачката Бритни Спирс, Лини Ирен, побарала од судот пристап до медицинската документација на ќерка си со образложение дека нејзината здравствена состојба е влошена.
Лини вели дека сака да се приклучи во грижата за својата ќерка, но нејзиниот сопруг Џејми тоа не го дозволува бидејќи била премногу попустлива кон неа. Бритни Спирс од 2007 година не одлучува за својот живот. Тоа го прави нејзиниот татко Џејми, заедно со тим лекари и адвокати.
Во 2007 година американската пејачка, по доживеаниот нервен слом, заврши во болница. Пред три недели Бритни излезе од психијатриска установа во која помина еден месец и во која самата се пријавила. Тогаш изјави дека не можела да ја прифати болеста на татко ѝ.
Поранешниот менаџер на Бритни, кој бил со неа во 2007 година кога пејачката ја избричи главата, исто така тврди дека неговата пријателка е под влијание на други луѓе и дека тие ја контролираат против нејзината волја.
Менаџерот смисли и хаштаг Free Britney, со цел да се рашири веста за состојбата на пејачката на интернет. Но, ги негира тврдењата дека испраќал пораки во нејзино име.