Премиерот на Луксембург: Прво да се расчисти ситуацијата во куќата, а потоа да се отвори вратата

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, на самитот во Сибиу рече дека ЕУ мора да им посака добредојде на земјите во процесот на проширување, но исто така и дека прво мора да ги реши работите во својата куќа.

„Постојат правила. Ако условите се исполнети, треба да ги отвориме пристапните преговори, но во моментот треба да ја разјасниме ситуацијата во куќата за да можеме да ја отвориме вратата”, вели Бетел.

Премиерот на Луксембург беше еден од ретките лидери на ЕУ, кој во текот на пристигнувањето на самитот на ЕУ посветен на иднината на ЕУ во Сибиу, се осврна на прашањето за проширувањето на Западен Балкан.

„Сè уште важи пораката дека тие се добредојдени и дека ќе започнат преговори кога ќе бидат исполнети сите услови”, рече Бетел, првенствено мислејќи на одлуката на ЕУ во јуни за започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави