Принцот Џорџ уште минатата година знаел како ќе се вика бебето на чичко му

Во почетокот на 2019 година британските медиуми објавија дека принцот Џорџ (5), син на принцот Вилијам (36) и војвотката од Кембриџ, Кејт (37), на крајот од декември се шетал во паркот со баба му Керол Мидлтон кога наишле на една госпоѓа што го шетала кучето. Таа кратко зборувала со момчето. Тогаш Џорџ себеси се нарекол Арчи, името што војвотката од Сасекс, Меган (37), и принцот Хари (34) му го дадоа на својот син.

Поради изјавата на момчето, обожавателите се убедени дека новите родители не само што го знаеле полот на детето туку и на малиот принц му ја одале тајната  – кое име ќе му го дадат на бебето.

Меган и Хари го покажаа својот син во средата, а набргу потоа ја запознаа кралицата Елизабета Втора (93) со осмиот правнук. Во таа пригода открија дека го нарекле Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор.

Треба да знаете
Последни објави