СДСМ до опозицијата: Кажете зошто Сиљановска поднела само еден финансиски извештај

Поразените Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да не бараат алиби и да кажат зошто Сиљановска поднела само еден финансиски извештај, реагира СДСМ по прес-конференцијата на Наум Стоилковски.

„Наместо да бара алиби за поразот преку неосновани пријави, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори зошто нивата кандидатка Гордана Сиљановска Давкова, наместо два како што е пропишано со Закон, поднела само еден периодичен извештај пред денот на изборите во првиот круг, што е констатирано и од наодите и заклучоците на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Освен што е поднесен само еден финансиски извештај на Гордана Сиљановска, истиот е поднесен на несоодветен образец и не дава реална слика за трошоците. Мицкоски, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ должат објаснување за ова“, велат од СДСМ.

Владејачката партија во реакцијата додава дека наместо да бара оправдувања, ВМРО-ДПМНЕ треба да прифати дека граѓаните кажале „не“ на нивниот деструктивен концепт кој, како што велат, води кон изолација и враќање во темното минато и нивните погубни политики.

Треба да знаете
Последни објави