Скопјанец и делчевец дилале екстази и амфетамини на музички фестивал

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.И.(26) од село Полето, делчевско и Д.А.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.

Во август 2017 година на градскиот базен во Делчево, каде се одржувал фестивал, полициски службеници извршиле преглед над В.И. и пронашле таблети МDMA, додека при преглед на возилото кое го управувал Д.А. пронашле и одзелетаблети MDMA и амфетамин.

Треба да знаете
Последни објави