Темелковски им подели пофалници на најдобрите учесници на општинскиот натпревар

Општина Кисела Вода со цел да открие нови таленти помеѓу учениците за првпат оваа година организираше општински натпревари по наставните предмети, историја и ликовно образование.

Денеска градоначалникот Филип Темелковски во просториите на Општината на најуспешните ученици и нивните ментори им подели пофалници за најдобро насликани уметнички дела и постигнати резултати по предметот историја.

По предметот ликовно образование пофалници добија учениците:

Марија Стаменова од ООУ „Кузман Јосифовски Питу”, ментор – наставник, Лидија Цаковиќ Мојсовска

Ели Петревска од ООУ „Рајко Жинзифов”, ментор – наставник, Даниел Манасиев

Гала Спиридонова од ООУ „Партенија Зографски”, ментор – наставник, Јулијана Арсовска

Натпреварот по ликовно образование се одржа во ООУ „Кузман Јосифовски Питу”, каде домаќин беше одговорниот наставник по ликовно образование, Лидија Цаковиќ Мојсовска.

По предметот историја пофалници добија учениците:

Гораст Србиновски од ООУ „Кузман Шапкарев” , ментор – наставник, Сашо Андонов

Ивона Ашиковска од ООУ „Кузман Шапкарев”, ментор – наставник, Сашо Андонов

Дамјан Стојановски од ООУ „Кирил Пејчиновиќ” , ментор – наставник, Катерина Кузмановска

Општинскиот натпревар по историја се одржа во ООУ „Кузман Шапкарев”, каде домаќин беше одговорниот наставник по историја, Сашо Андонов.

На натпреварите учествуваа ученици од сите осум општински основни училишта.

Оценувањето на учениците го изврши комисија формирана од градоначалникот Темелковски. Истата беше составена од членови од општинската администрација, од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт. Во комисијата вклучени беа и наставниците/ менторите по наставните предмети.

Учениците на градоначалникот Филип Темелковски му ги подарија нивните прекрасно насликани цртежи.

Темелковски нагласи дека Општина Кисела Вода и во иднина ќе работи во насока за откривање на млади таленти за кои нагласи дека се иднината на нашата држава.

Градоначалникот во својот кабинет денеска прими ученици од ООУ „Кузман Јосифовски – Питу” кои ги запозна со функцијата која ја врши и со работа на општинската администрација. На средбата присутен беше и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.

Треба да знаете
Последни објави