На 08.05.2019 година околу 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на крстосницата од булеварите „Климент Охридски“ и „Партизански Одреди“ неколку лица физички ги нападнале Д.Б.(18) од с.Агино село, кумановско и Д.Д.(18) од с.Јурумлери, скопско.
На Д.Б. со остар предмет му нанеле убодна рана и на него му е укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.