Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди унилатералните санкции против Сирија да бидат продолжени за уште една година, објави Белата куќа, пренесува ТАСС.
„Бруталната војна на режимот против сирискиот народ, кој бара слобода и претставничка влада, не само што го загрозува сириски народ, туку генерира и нестабилност во целиот регион”, се цитира изјавата на претседателот Трамп.
„Активностите и политиките на сирискиот режим, вклучувајќи го следењето и користењето на хемиското оружје, поддршката на терористичките организации и попречувањето на способноста на либанската влада да функционираат ефикасно, продолжуваат да го поттикнуваат подемот на екстремизмот и секташтвото и претставуваат необична и вонредна закана за националната безбедност, надворешната политика и економијата на САД “, изјави Трамп во својата порака до Конгресот.
„Поради тоа, утврдив дека е неопходно да се продолжи со прогласената национална вонредна состојба во врска со оваа закана и да се одржат на сила санкциите за решавање на оваа вонредна состојба”, рече американскиот претседател.
САД постепено воведуваа различни рестриктивни мерки во однос на Дамаск помеѓу 2004 и 2012 година. Рестрикциите предвидуваат замрзнување на средствата на поединци и компании под јурисдикција на САД, забрана на извозот на одредени категории американски стоки и услуги итн