Не се шегуваме, ве очекуваат повеќе насмевки и здраво тело ако лековите ги замените со оваа храна.
Не е новост за храната која понекогаш може да влијае на вашето лошо расположение (директно се обраќаме на преубавото, но масно тесто од пекара). Меѓутоа, хирургот Мехмет Оз смета дека одредени видови храна, исто така, може да влијаат на подобрување на расположението кај луѓето.
Вистинските намирници може да бидат тајно оружје во борбата против болести или симптоми што ги имате. Ви ги претставуваме намирниците што може да ги користите наместо лекови!
Лен
Две лажици мелен лен ставете во своето утринско смути или во овесната каша за да се намали воспалението (благодарение на омега 3 масните киселини), кои се главната причина за грчеви.
Лосос
Оваа риба, исто така, има анти воспалителни својства, а конзумирањето на лосос три пати неделно може да доведе до намалување на отокот на градите.
Јајца
Јајцата се одличен извор на витамини D, B6 и E кои помагаат при намалување на симптомите на ПМС.
Магдонос
Исечете ја оваа магична билка во салата или супа за да ја победите постојаната стомачна болка, а магдоносот е исто така одличен во превенција на задржување на водата.
Папаја
Папајата содржи папаи, ензим кој помага при варење на тешка храна. Една чаша исецкана папаја би требало да ги врати вашите црева во нормална состојба.
Интегрални житарки
Додадете ги овие житарки во вашата редовна исхрана за вашиот дигестивен тракт да работи без никакви проблеми. На неделно ниво за почеток ви требаат 5 грама (една кришка од интегрален леб), а потоа можете полека да ја зголемите дозата.
Сок од кисели краставици (од туршија)
Со цел успешно да се изборите со утринскиот мамурлак испијте четвртина чаша сок од краставица пред да одите на спиење. Овој пијалок е богат со електролити кои ќе ја спречат непријатната болка во главата.
Лубеница
Дехидрацијата е главната причина за главоболка, а водата сигурно може да ја надокнадите со слатка лубеница.
Зелен, лиснат зеленчук
Уште една причина да засакате спанаќ – студиите покажуваат дека магнезиумот што го содржи ова зелено растение е совршен уништувач на мигрена.
Киноа
Железото содржано во киноата дејствува за зголемување на енергијата кај луѓето. Една чаша зготвена киноа е доволна за повторно да ја почувствувате волјата и желбата за станување од креветот!
Кокосово масло
Ставете малку кокосово масло во вашето кафе, за масните киселини да ја успорат апсорпцијата на кофеинот и на тој начин да ја продолжат вашата состојба на будност.
Сок од цреша
Испијте чаша сок од цреша за вечера. Мелатонин (кој го регулира сонот) го има во содржината на ова овошје да делува во време погодно за спиење и ќе ви овозможи подобар одмор.