Шведското обвинителство во понеделник ќе одлучи за отворање на случајот Асанж

Шведскиот државен обвинител следниот понеделник ќе објави дали или не повторно ќе отвори прелиминарна истрага за случајот со наводно силување, кој се водеше против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

– Обвинителот ќе ја објави својата официјална одлука на прес конференција, соопшти Обвинителството.

Асанж беше уапсен минатиот месец во Лондон, откако Амбасадата на Еквадор му го укина азилот.

Пред четири години Шведското обвинителство соопшти дека се откажало од истрагата против основачот на Викиликс за два случаи на сексуален напад, затоа што застареле.

Треба да знаете
Последни објави