Јубилеј на Здружението на пензионираните работници од полицијата

Здружението на пензионираните работници од органите за внатрешни работи на Република Северна Македонија денеска одбележа пет децени од формирањето со свеченост на која присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што информира МВР, Спасовски им се заблагодари на поранешните вработени во министерството за придонесот во градењето на полицијата, нагласувајќи дека кое било општество или систем, доколку се стреми кон просперитет и перспектива не може и не смее да се откаже од ниту еден свој поединец.

– Не може а да не се искаже респект кон луѓе кои својот работен век, своето професионално знаење и труд го вложиле во една од фундаменталните институции на општеството – Министерството за внатрешни работи. Не може а да не се испочитува фактот дека вие и натаму преку оваа форма на организирање давате свој придонес не само кон статусот на оваа група пензионери, туку истовремено продолжувате да ја негувате и чувате колегијалноста, пријателството, меѓусебното почитување како принципи важни не само од личен аспект, туку и како колективен акт демонстрирајќи заедништво и солидарност како неопходни општествени вредности, истакна Спасовски во своето поздравно обраќање.

Треба да знаете
Последни објави