Во Плитвички Езера само со електронска влезница купена два дена однапред

Од неодамна Националниот парк Плитвички Езера во Хрватска може да се посети само со закажан термин и купена електронска влезница.Посетата се закажува најмалку 48 часа пред турата низ Националниот парк Плитвички Езера. Тоа создаде гужви на благајните, бидејќи многумина поитаа да си обезбедат влезница за посетата. Гостите без претходно купени билети не ќе можат да влезат во паркот.

Според надлежните, мерката се презема со цел да се ограничи бројот на посети. Управителот на Националниот парк,Томислав Ковачевиќ вели дека за време на летната сезона паркот ќе можат да го посетуваат максимум од 10 до 16 илјади турсти дневно. Затоа се воведува оваа мерка со цел да се заштити еколошката зона во паркот, која е загрозена поради преголемата посетеност.

УНЕСКО се закани дека ситуацијата мора да се подобри со цел Плитвичките Езера да останат на листата на светското природно наследство, на која се веќе 40 години.

Плановите се до летото да се зајакне интернетот и да им се озвоможи на туристите да го посетат паркот со скенирање на баркодовите на нивните мобилни телефони.

Треба да знаете
Последни објави