Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган изјави во Анкара дека на Европската Унија ѝе потребна Турција, повеќе отколку што на Турција и треба ЕУ.
Ердоган рече дека неговата земја во процесот за безвизниот режим исполнила 66 од 72 зададени критериуми.
„Набрзо ќе ги исполниме сите критериуми па ќе видиме колку е ЕУ искрена во врска со укинувањето на визите“, изјави Ердоган, пренесе агенцијата „Анадолија“.