Поп-ѕвездата Мадона на аеродромот во Њујорк се прошета во бурка. Облечена во тренерки и јакна, во комбинација со сандали од Луј Витон, таа на главата ставила бурка, а очите ги покрила со очила за сонце. Фотографите ја забележале кога од главата ја тргнала бурката за да помине на пасошката контрола на аеродромот.
„Мадам X се крие на аеродромот“, напиша Роберт Хавиер кој објави фотографија на „Инстаграм“.
Мадона, која често патува во арапските земји и купува разни модни додатоци, многупати рекла дека не е роб на модата и дека се облекува како што е расположена. Американските медиуми, пак, напишаа дека бурката најверојатно ја носи заради нејзиното поранешно момче, Брахим Себет, кој е муслиман.
Шеесетгодишната Мадона минатиот месец се врати на музичката сцена по неколкугодишна пауза. Таа во моментов го промовира албумот „Мадам-Х“ и под тоа име се претставува во јавноста. Мадона треба да настапи и на финалето на Евровизија во Израел, на 18 мај. Израелските медиуми пишуваат дека таа ќе испее 2 песни и дека за тоа ќе добие хонорар од 1,5 милион долари.