Макрон: Институциите на ЕУ да ги водат силни и компетентни лидери

Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави по повод претстојните избори за Европскиот парламент, дека сака европските институции да ги водат компетентни и силни лидери во текот на следните пет години, додавајќи дека нивната националност не треба да игра улога за време на изборите.

„Не сум опседнат со националноста. Мораме да избегнеме ситуации во кои поради компромиси е избран помалку добар кандидат“, рече Макрон пред новинарите во Романија, каде се одржува самитoт на лидерите на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави