Оваа жена не користела шампон 2 години – Еве што се случило со нејзината коса!
32-годишната Луси од Британија е жена која не користела шампон за коса повеќе од две години.
Тврди дека косата никогаш не и била поубава, а судејќи според нејзините фотографии – не лаже, но сепак проценете самите.
Дали е можно некористењето на шампон да ја направи вашата коса поубава?
Следбениците на контроверзни движења за убавина кои се залагаат за миење на косата без хемиски средства уверуваат дека косата без шампон ќе изгледа многу подобро.
Луси е една од жените кои се имаат уверено во овие тврдења, косата ја мие само со вода.
Неодамна таа издала и книга “Среќна коса”, која претставува водич за живот без шампон во кој детално го опишува своето искуство.
Овој метод подразбира миење на косата со природни препарати или само со вода. Не се користи шампон и балзам.
Еднаш неделно измијте ја косата убаво само со вода. Еднаш во две недели измијте ја косата со малку сода бикарбона и намачкајте ја со една лажичка маслиново масло. Откако таа ќе се замрси исчешлајте ја со раствор од јаболков оцет. Не користете хемикалии, балзами и производи за обликување на косата.
Луси мотивацијата ја добила откако прочитала статија во која пишувало дека жените секојдневно на себе нанесуваат 515 различни хемикалии.
Помислив: “Ова се однесува на мене! Се додека не погледнав подобро во шампонот и прочитав колку различни хемиски соединенија содржи.”
Многу жени мислат дека прекинувањето на користење на шампон ќе ја направи косата помрсна.
Но според тврдењата, косата се мрси токму поради шампоните.
Тоа е затворен круг – што повеќе ја миете, повеќе се мрси.
Имајќи го во предвид фактот дека во повеќето шампони се наоѓаат бројни хемиски соединенија, оваа идеја не звучи толку неверојатно.
На пример, конзервансот MI е составен дел од кремите, геловите за туширање, маскарата, шампоните и сапуните.
Тој убива бактерии во производите а го продолжува и нивниот рок на траење.
Од друга страна може да предизвика алергиски реакции, а влијае и на појавувањето на дерматитис и егзема.
Сепак Луси наведува дека треба да се мине низ одреден “незгоден” транзиционен период од престанувањето на користење на шампон до излекување на скалпот на косата. После овој период Луси тврди дека покрај тоа што косата не се мрси, косата станува погуста, поцврста, посветла и поздрава.