„Овде, всушност, различната верска припадност на православни, муслимани, католици, евреи и протестанти, како и етничката припадност на Македонците, Албанци, Срби, Хрвати, и другите, создаваат еден мозаик во кој секое каменче е потребно за оригиналноста и убавината на целиот мозаик.
– Убавина, која ќе го достигне својот најголем сјај до таков степен за да можете тоа да го пренесете и да го засадите во срцата на новите генерации…“, истакна Папата Франциск во неговото обраќање пред државниот врв при посетата на Скопје на 7 мај 2019.
Оваа изјава на Папата Франcиск, највисокиот жив морален авторитет во светот, е одговор за сите оние коишто велат дека нашиот етнички идентитет е оспорен по Преспанскиот договор, како и за оние коишто во деновите пред неговата посета во Северна Македонија ја манипулираа јавноста дека Папата го оспорува, игнорира или брише етничкиот идентитет на Македонците.
Оваа порака од Папата е уште еден доказ дека идентитетот на македонскиот народ воопшто не е доведен во прашање, напротив, тој дополнително се зацврснува со нашиот напредок во евроатлантските интеграции.
Извор: 1 TV