Познат готвач приведен во Лос Анџелес со 40 пирани во торба

Познатиот јужноамерикански готвач Виргилио Мартинез бил запрен на аеродромот во Лос Анџелес со торба во која имало 40 пирани.

Царинските службеници минатата недела го однесоа во просторијата за испитување кога најдоа замрзнати, вакуумски затворени пирани, објави АП.

По пет часа, готвачот беше пуштен со рибата.

Таа ноќ, како што кажа за „Лос Анџелес тајмс“, пираните ги користел за да направи салата.

Мартин е сопственик на ресторанот „Централ“ во Лима, кој беше прогласен за најдобар во Латинска Америка во 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави