Работник повреден додека истоварал железо

На 08.05.2019 година околу 16.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улица Борче Јовановски во Гостивар, додека растоварал железо од приколка на камион „мерцедес“, гостиврецот Н.Е.(34) бил тешко повреден.

Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, а по укажаната лекарска помош бил  префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави