Во перидот од 9 до 23 мај Општина Центар го става на јавна анкета детаљниот урбанистички план за градската четврт Ц03 – „Соборен храм“. Од Општината наведуваат дека ова е уште еден од плановите што во изминатиот период беа под таканаречениот мораториум, а кај кој се направени усогласувања со Генералниот урбанистички план на град Скопје, но се постигнати и низа измени и придобивки во интерес на жителите на овој дел од општина Центар.
Планот ќе биде изложен во горенаведениот период, секој работен ден од 8 до 16 часот, во просториите на ООУ „Коле Неделковски“ на улицата Антоние Грубишиќ бр.8.
Сите заинтересирани физички и правни лица што сакаат достават предлози и забелешки во однос на него, ќе може да го направат тоа преку анкетни листови што треба да ги достават во училиштето, но и по електронски пат на planiranje@centar.gov.mk и веб-страницата на Општина Центар www.centar.gov.mk.
Јавната презентација на планот ќе се одржи на 15 мај, среда, во 13 часот во Општина Центар (барака бр. 6).