Откако светските медиуми пишуваа дека Џорџ Клуни ќе биде кум на синот на Меган и Хари, холивудскиот актер изјави дека тој нема да го крсти бебето.
„Нема да бидам кум. Ви ветувам. Сосема сум сигурен. Идејата не е добра. Не треба да бидам кум. Јас сум татко на близнаци и одвај се справувам со тоа“, рекол Клуни во интервју во шоуто на Џими Кимел.
Педесет и осумгодишниот актер е близок пријател на кралската двојка, и беше гостин на нивната венчавка лани во мај. Тој и бебето Арчи се родени на ист ден, 6 мај, што дополнително ги поттикна пишувањата на светските медиуми за кумството.