Централната изборна комисија на Албанија и Комитетот за национални малцинства, потпиша договор кој предвидува коорднирани активности за соодветно информирање на националните малцинствата на нивниот јазик за изборниот процес на 30 јуни, кога се закажани локалните избори.
Целта е комуницирање и размена на податоци за единиците на локалната самоуправа каде што националните малцинства претставуваат повеќе од 20 проценти од вкупното население, соодветно информирање на нивниот мајчин јазик за изборниот процес од 30 јуни 2019 година, преку информации, материјали за едукација и материјали за подигнување на свеста кои ќе бидат преведени и на јазиците на националните малцинства
Целосно сме подготвени и за реализацијата на преводи на материјали за информирање, едукација, како и материјали за подигнување на свеста, кои ќе бидат и на јазиците на националните малцинства, изјави претседателката на Комитетот, Костандина Бежани на потпишувањето на договорот.
Исто така посочи дека ова владино тело се обврзува да и ги стави на располагање на ЦИК сите информации или податоци со кои располага за единиците на локалната самоуправа каде што припадниците на националните малцинства претставуваат повеќе од 20 проценти од вкупното население
– Според член 96 од Законот за заштита на националните малцинства во Република Албанија, во кој се пропишуваат обврските на ЦИК за припадниците на националните малцинства, но исто така и во однос на уставните права што ги уживаат, ЦИК работи и ќе продолжи да работи гласачите од овие заедници да бидат соодветно информирани и едуцирани за изборниот процес, истакна претседателот на ЦИК, Клемент Згури.
Тој наведе дека обврските на Комисијата се за малцинствата кои се признаваат со законот македонско, грчко, влашко, ромско, египѓанско, црногорско , бошњачко, српско и бугарско, а чии припадници се над 20 отсто од вкупниот број жител во општината.