(Видео) Во Сицилија се продаваат куќи по цена од едно евро

Во италијанскиот град Самбука во близина на Палермо, куќите се продаваат по цена од едно евро. Откако во јавноста излегоа огласите, градските служби велат дека телефоните постојано ѕвонат.

Оваа мерка која е популарна во Италија е усвоена на почетокот на јануари. Заменик-градоначалникот Џузепе Качапо вели дека куќите ќе бидат продадени по цена на еден кроасан, ако на аукцијата некој не понуди повеќе.

 

Веќе следниот ден стотина луѓе од Велика Британија, Дубаи, Панама и Русија стигнаа во Самбука да разгледаат некои од недвижнините. Во меѓувреме, телефонот во градските канцеларии, непрекинато ѕвонел веќе со недели.

„Нè бараа од Сиднеј, Лондон и Њујорк. Неколку недели по огласувањето, примивме речиси 100.000 мејлови, а многумина потенцијални купувачи веќе ги купија првите достапни летови за Сицилија“, вели Качопо.

Во средата се продадени првите 16 куќи. Најевтината била продадена за 1000 евра, а најскапата за 25.000 евра. Останатите се продадени по цена од 5.000 до 10.000 евра.

Меѓу новите сопственици се семејства од Израел, Британија, Русија и Чиле. Уште 50 куќи во Самбука се продадени на  странски купувачи.

„Меѓу приватните и општинските куќи, примивме вкупни инвестиции од милион евра. Тоа е вистинско богатство за мал град, како што е нашиот“, изјавил Качопо.
Инаку, новиот сопственик за време на купувањето мора да се обврзе во рок од три години, во обновата на станот да вложи минимално 15.000 евра. Плус, пред купувањето, потребно е да положи депозит од 5.000 евра, кој ќе биде вратен по обновата на куќата.

Треба да знаете
Последни објави