Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 09.05.2019 година, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, при претрес на возило во кое осомничениот 24-годишен жител на Скопје се превезувал како сопатник, кај него биле пронајдени вкупно 612 куршуми муниција за пиштоли со различен калибар. Муницијата била пронајдена во џебовите на осомничениот и под седиштето во автомобилот.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.