Израел објави дека една рибoловна зона е повторно отворена кај брегот на Газа по постигнувањето договор за прекин на огнот со милитантните водачи на Хамас, со што беше прекинат најтешкиот конфликт меѓу двете страни по војната во 2014 година.
Израелското тело ЦОГАТ, одговорно за палестинските цивилни прашања, објави денес дека Израел ќе ја прошири палестинската рибoловна зона до максимум 12 наутички милјиза да „го спречи влошувањето на хуманитарните услови” во блокираниот појас на Газа.
Примирјето, склучено со посредство на Египет, Катар и ОН, го врати мирот на нестабилната граница, откако 25 палестинци и четворица Израелци беа убиени во ескалација на конфликтот во текот на викендот.
Се смета дека договорот за прекин на огнот вклучува мерки за економска помош за олеснување на израелско-египетската блокада на територијата, наметната откако Хамас ја презеде контролата врз Газа во 2007 година.