Италија во петокот потврди дека венецуелскиот пратеник на опозицијата, Америко де Грација, се наоѓа во италијанската амбасада во Каракас, откако провладиното законодавно тело му го одзеде парламентарниот имунитет.
„Членот на венецуелското Национално собрание со италијанско потекло, Америко де Грација, еден од седумте законски избрани личности во Националното собрание, беше примен во резиденцијата на италијанскиот амбасадор во Каракас“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, во кое се додава дека против Де Грација е поведена судска постапка.
„Амбасадата работи во целосна согласност со дипломатските конвенции“, рече Министерството за надворешни работи.
Де Грација ѝ се заблагодари на Италија на „Твитер“.