Конференција насловена „Асистивна технологија за дислексија” ќе се одржи денеска на Филозофскиот факултет во Скопје, во организација на Здружението за дислексија „Ајнштајн”.
На конференцијата ќе се промовира првата асистивна технологија и првиот кирилски фонт DyslexicFZF, што го олеснува читањето кај лицата со дислексија.
На настанот покрај промоцијата на фонтот ќе биде промовирана додавката „Bato” за google chrome што овозможува трансформирање на секоја веб страница во „dyslexia friendly” веб страница, а воедно ќе бидат промовирани 40 лектирни изданија, што се прилагодени и лесно читливи за лицата со дислексија.
Здружението за дислексија „Ајнштајн” го спроведува проектот „Асистивна технологија за дислексија” финансиран од Европската Унија, чија цел е е лицата со дислексија да добијат пристапна асистивна технологија за полесно читање.