Мила Јовович откри непознати детали за нејзиното семејство

Актерката Мила Јовович на својот профил на Инстаграм ја сподели фотографијата на нејзината баба Татјана Ивановна со трогателна приказна која не ѝ беше позната на јавноста.
Актерката на вчерашниот ден, кој се слави во светот како Денот на победата во Втората светска војна, сакаше да ѝ оддаде почит на својата баба.

https://www.instagram.com/p/Bv4Zn8cAtah/?utm_source=ig_embed

Мила беше покрај својата баба до нејзината смрт. Секој ден, во последните месеци од животот на нејзината баба, која била медицинска сестра за време на Втората светска војна, Мила ја водела на прошетка и разговарала со неа за животот, а сега се сеќава на една од приказните на нејзината баба.

https://www.instagram.com/p/BxQPraNAcRE/?utm_source=ig_web_copy_link

Покрај фотографијата што ја објави, Мила напиша:

„На 16 години, таа отиде во војска и како медицинска сестра дојде во Берлин. Таа спасуваше животи, а одвај и својот. Понекогаш се криеше под телата на настраданите за да не ја најдат. Оваа девојка имаше тежок живот, секојдневно се среќаваше со смртта. Кога се врати започна нов живот, гледајќи смрт секој ден. Потоа таа се врати и почна да живее од нула, и таа подигна две деца како самохран родител“, напиша Мила.

Треба да знаете
Последни објави