Рускиот и францускиот премиер разговараа за економска соработка

– Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска телефонски разговарал со неговиот француски колега Едуар Филип, соопшти прес службата на руската Влада.

Двајцата државници разговарале за итни прашања поврзани со руско-француските односи, вклучувајќи ја и трговската, економската и инвестициската соработка, се наведува во соопштението.

Медведев и Филип, исто така, разговарале и за распоредот на идните контакти меѓу владите на двете земји.

Според прес службата на руската Влада, телефонскиот разговор го иницирала Франција.

Треба да знаете
Последни објави