– Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми е најлош директор на институцијата во целата нејзина историја.
Коми претходно во интервју за Си-Ен-Ен го обвини претседателот за попречување на правдата, и ги критикуваше главниот обвинител Бил Бар и неговиот заменик Род Розенштајн како поддржувачи на претседателот. Поранешниот шеф на ФБИ, исто така, призна дека Русија има начини да изврши притисок врз Трамп.
– Џејмс Коми е срам за ФБИ и ќе биде запаметен како најлош директор во нејзината долга и некогаш горда историја. Тој го уништи ФБИ, речиси сите републиканци и демократи сметаа дека тој треба да биде отпуштен, но ФБИ ќе ја врати својата величина благодарение на големите мажи и жени кои работат таму, напиша Трамп на Твитер.