Одгледувачите на лалиња во Холандија ги молат туристите, особено од помладата генерација, да престанат да прават слфи фотографии на нивните плантажи.
Имено, младите туристи во потрага по совршена фотографија за социјалните мрежи, досега изгазиле цвеќиња во вредност од неколку илјади евра.
Шарените полиња со лалиња во Холандија се исклучително популарна дестинација за туристите, но факт е дека во последните неколку години ваквата популарност скапо ги чини домаќините, во чии насади предизвикана е огромна штета. Како што истакнуваат одгледувачите, нејголема вина за ова има популаризацијата на ваквите локации на „Инстаграм“.
https://www.instagram.com/p/BwcmwT9gLVJ/?utm_source=ig_embed
Како што пренесува Си-ен-ен, поради ваквата ситуација, Туристичката организација на Холандија се здружила со локалните одгледувачи на лалиња, покренувајќи кампања наменета за социјалните мрежи, со цел да им посочат на младите туристи, на патувањата да се држат понастрана од насадите со цвеќиња.
„Преминувајќи преку нашите цветни полиња ги уништувате лалињата. Овој проблем постои веќе неколку години, а го предизвикаа младите кои постојано прават селфи фотографии. Минатата година во едно од моите полиња имаше 200 луѓе. Полињата се наоѓаат покрај патот, па туристите слегуваат до нив за да се фотографираат од 10 наутро до 9 навечер. Мора да ги отстраниме луѓето од таму“, вели еден од одгледувачите Сајмон Пенингс, кој западно од Амстердам, поседува повеќе од 40 полиња со лалиња.



