Екрем Иамоглу, „соборениот” градоначалникот на Истанбул изјави дека следниот месец ќе почне нова битка за демократијата во Турција, кога повторно ќе биде кандидат на повторените избори.
Тој е убеден дека ќе победи уште еднаш на 23 јуни, и покрај тоа, како што вели тој, кражбата на неговата тесна победа во март над кандидатот на Партијата на правдата и развојот (АКП) на премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
-Изборите во Истанбул станаа симбол на демократијата, сега тоа е очигледно. Ние имаме одговорност кон демократија до тој степен колку што е голема нашата одговорност кон Истанбул, рече тој вчера во интервју за Ројтерс.
Имамоглу беше градоначалник помалку од три недели, откако во понеделникот, по серијата приговори од Ердоган и неговата АКП, Централната изборна комисија го поништи гласањето и повика на повторување на изборите, повикувајќи се на неправилности во изборот на членовите на комисиите на гласачките места. Тој на изборите го победи поранешниот премиер, Бинали Јилдирим
До тој момент, АКП и нејзините исламистички претходници раководеа со најголемиот град во Турција 25 години и имаа буџет од скоро 4 милијарди долари, а самиот Ердоган, најдоминантната фигура во турската политика по основачот на модерната турска држава, Мустафа Кемал Ататурк, ја започна својата политичка кариера како градоначалник Истанбул пред неговата партија АКП да победи на националните избори во 2002 година.
Имамоглу изјави дека за кратко време поминато како градоначалник утврдил високо ниво на расипништво од претходната влада и дека тоа сака да им го претстави на гласачите во наредниот месец и половина.