Aкадемското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ на 20-ти мај во Домот на АРМ ќе одржи целовечерен свечен концерт, по повод одбележувањето на 70-годишнината од своето постоење.
На концертот ќе настапат фолклорниот и хорскиот ансамбл на друштвото како и неговиот народен оркестар. Солистка ќе биде пејачката Елена Петреска.
Во текот на следниот период се предвидени голем број настапи и концерти, а во летниот период, пак, во план е и одржување на 40-то издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.
Концертот е закажанн со почеток во 19:30 часот.