Компанијата „Твитер“ лани укинала 371.000 профили поради тоа што нивните корисници промовирале тероризам.
„АНСА“ пренесе дека тоа се гледа од податоците наведени во шестмесечниот извештај за транспарентноста на оваа компанија, во која стои дека во втората половина на минатата година поради тероризам укинати се 166.000 профили, што е за 19 проценти помалку во однос на првите шест месеци во 2018 година, кога биле укинати 205.000 профили.
„Твитер“ соопшти дека 91 отсто од профилите биле воочени со помошни на технолошки уреди наменети за таа цел.