Врховниот суд на Венецуела денеска му одреди мерка притвор на потпретседателот на венецуелското Национално собрание, Едгар Замбрано и нареди да биде притворен во воениот затвор во Каракас.
Судот реши Замбрано да остане во притвор до почетокот на судскиот процес против него под обвинение за „државна измама, заговор и граѓанско востание”.
Властите во Каракас го уапсија Замбрано обвинувајќи го дека е еден од организаторите на „неуспешниот обид за преврат”, предводен од претседателот на Собранието, Хуан Гуаидо, кој во јануари годинава се прогласи за привремен претседател на Венецуела.