Поп-пејачката Кери Катона казнета со 500 фунти бидејќи не го праќа своето дете на училиште

Кери Катона (38), поранешната пејачка на поп-групата „Атомик китен“, не оди на состаноци во училиште и не одговара на нивните многубројни писма. Катона е мајка на пет деца, има ќерки Моли (17) и Лили (16) со ирскиот пејач Брајан мекфаден, Хајди (12) и син Максвел (11) со американскиот музичар Марк Крофт и ќерка Дилан (4) со Џорџ Кеј.

Поп-пејачката мора да плати парична казна од 500 фунти откако едно од нејзините пет деца пропуштило 45 дена настава бидејќи, како што вели таа, е премногу зафатена, според „Сан“. Кери денес не отиде ни на судење, но таа објави селфи во нова тренерка.

https://www.instagram.com/p/BxMWTN_FSps/?utm_source=ig_embed

„Детето ја пропуштало наставата само повремено, поради нејзините работни обврски“, ја брани адвокат.

Поп-пејачката не сака воопшто да се води случај против неа, бидејќи тоа, како што вели таа, лошо ќе влијание врз нејзиното ментално здравје.

Катона тврди дека школувањето на Катона е нејзина приватна работа.

Треба да знаете
Последни објави