Бил Вајман (82), поранешниот басист на „Ролинг стоунс“, жали што во 1989 година се оженил со пејачката Менди Смит (48) кога таа имала 18 години, а тој 52 години, според „Дејли мејл“.
„Бев глупав што мислев дека бракот може да успее. Таа беше премлада. Знаев дека има потреба сè уште да го почувствува животот“, рече Бил во контроверзниот документарец The Quiet, кој беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Трибека“ пред десетина дена.
Бил и Менди се сретнале во средината на осумдесеттите години кога таа имала 13 години. Се венчале кога станала полнолетна, но Менди еднаш откри дека првпат спиеле кога имала 14 години. Тогаш Бил сам се пријавил во полиција.
„Отидов во полиција и во државното обвинителство и ги прашав дали треба да разговараат со мене. Рекоа, не“, раскажа тој.
Нивната романса не траеше долго, се разведоа две години по свадбата.
Бил се женеше трипати.
Освен приватниот живот, во документарниот филм The Quiet има многу снимки и фотографии од неговите денови со „Ролинг стоунс“.