Поранешната известувачка аналитичарка Челзи Менинг, по два месеца минати во притвор, е ослободена во Александрија, западна Вирџинија. Менинг беше во притвор затоа што одби да сведочи пред поротата во случајот „Викиликс“, пренесува „Асошиетед прес“.
Менинг мина 62 дена во притвор, а нејзините адвокати стравуваа дека таа на слобода ќе биде кратко време затоа што е пуштена бидејќи на поротата ѝ истекол мандатот. Пред излегувањето од затвор, на Менинг веднаш ѝ била доделена судска покана, во која од неа се бара да сведочи пред новата порота на 16 мај.
Адвокатите велат дека таа повторно ќе одбие да сведочи пред новата порота на 16 мај и дека е можно повторно да биде приведена. Менинг издржала седумгодишна казна во воениот затвор поради давање доверливи податоци на „Викиликс“.