„Скопје цвета“ наредниот викенд во Градски парк

Шестиот Скопски цветен фестивал под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП Паркови и зеленило, кој ќе се одржи на 18 и 19 мај 2019 година (сабота и недела) во Градскиот парк во Скопје на почетокот на вториот дел,  под мотото „Скопје цвета“, информираат од Паркови и зеленило.

Фестивалот ќе започне на 18 мај со цветно дефиле од Собранието на Град Скопје (паркинг просторот) во 11:30 часот, со деца од предучилишните установи и основните училишта.

Фестивалот свечено ќе го отвoри Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов заедно со директорот Ардијан Муча, по што следуваат настапи на повеќе музички и танцови изведувачи, а посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во целодневни активности кои ги нуди програмата: да проследат анимации за деца, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.

Целта на фестивалот е на едно место да ги собере сите љубители на цвеќето и природата, урeдувањето на околината, уметници, деца и ученици кои што на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот, да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, најмладите да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.  За прв пат оваа година посетителите и љубителите на животни ќе имаат  можност да добијат корисни совети за своите домашни миленици како и можност да вдомат домашно милениче.

Оваа година на манифестацијата ќе се претстават повеќе од 30-ина изложувачи- цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологија.

Ви нудиме најразновидни содржини и Ве покануваме на заедничко цветно дружење.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави