Група јавни личности во Србија поднесоа претставка до Европскиот суд за човекови права во Стразбур поради негативна медиумска кампања од провладини медиуми во која се таргетирани како „странски агенти” кои сакаат да „создадат хаос”, „да спроведат насилство”, и „да го убијат премиерот”.
Новинарите Тамара Скроза, Антонела Рихи и Вукашин Обрадовиќ, како и граѓанскиот активист Илир Гаши, како што е наведено во претставката, им е прекршено правото на фер судење, нивното право на слободно изразување и правен лек, а им е скратено правото на почитување на приватниот живот и заштита на нивниот физички интегритет
Во претставката се наведува дека во мај и јуни 2016 година во Србија се водела негативна медиумска кампања од страна на провладините медиуми, особено по објавување текст во ТВ Пинк и во таблоидот Информер.
Подносителите на претставката поднеле кривична пријава до Вишото јавно обвинителство во Белград во 2017 година, но оттаму ги отфрлиле кривичните пријави, наведувајќи дека „не постои основано сомнение дека декларираните лица ги извршиле наведените кривични дела.