Се сомневате дека можете да ослабете без да се откажете од вашите омилени деликатеси? Дозволете ни да ве разубедиме!
Оваа седумдневна чоколадна диета подразбира три главни оброци: доручек, ручек и вечера, плус едно слатко и една вкусна ужина секој ден. Во текот на диетата пијте најмалку осум чаши течности дневно – вода, чај и кафе со обезмастено млеко. Алкохол во оваа диета не е дозволен.
Се препорачува најмалку 30 минути пешачење секој ден.
Ако се придржувате до оваа диета еден месец, може да изгубите до 7 кг.
Прв ден
Доручек: 30 грама чоколадни снегулки со обезмастено млеко. Едно овошје.
Ручек: Интегрален леб со една лажица малку масен мајонез, 1/2 исецкано авокадо и мешана салата.
Вечера: 150 грама сирење од соја, боранија, зелка, кромид, бибер и печурки динстани во тава на малку рафинирано маслиново масло (додадете малку вода ако е потребно, и соја сос по вкус). Сервирајте со 50 грама интегрални тестенини.
Втор ден
Доручек: 1 варено јајце со две парчиња интегрален тост.
Ручек: Било која бистра супа (не кремаста) и два тоста од интегрален леб со тенок слој еурокрем.
Вечера: Туна салата и конзерва грав, домат, зелена салата и лук.
Трет ден
Доручек: 1 кеса чоколадна овесна каша со обезмастено млеко и едно јаболко.
Ручек: 25 грама младо сирење и 4 парчиња шунка ситно исецкајте и помешајте со исецкан домат, краставица, целер, зелена салата и зачинете по вкус. Една чоколадна банана.
Вечера: 4 парчиња пржено пилешко, 2 компири средна големина и неограничена количина на зелен зеленчук (суров, на пареа, барен или со скара). Една круша.
Четврт ден
Доручек: Овошна салата направена од три различни овошја по желба. Една чаша нискомаслен јогурт или кефир.
Ручек: Интегрална кифла со виршла, исецкан кромид пржен на тефлон на многу малку масло, шери домати, зелена салата и кечап.
Вечера: Еден подготвен оброк под 350 калории. Еден ред црно чоколадо.
Петти ден
Доручек: Две парчиња интегрален тост со тенко намачкан еурокрем.
Ручек: Омлет од две јајца, 20 грама ниско маслено сирење и шака спанаќ подготвен на многу малку масло. Сервирајте со зелена салата. Едно чоколадце.
Вечера: Пилешко бело месо со неколку лажички пире (користете нискомаслено млеко за спремање на пире), брокула и боранија. Едно јаболко, една лажица чоколаден крем.
Шести ден
Доручек: Крофна со чоколадо.
Ручек: Компири во лушпа со неколку лажици грав и зелена салата.
Вечера: Бакалар со 2 компири (средна големина) и салата од зелка.
Седми ден
Доручек: Направете шејк од една банана и 2 децилитри обезмастено млеко. Едно јаболко.
Ручек: Сендвич до 350 калории. Едно чоколадо.
Вечера: Измешајте една конзерва грав со една конзерва домати, една главица кромид и една мала тиквица. Се исецкајте, посолете и додадете малку бибер, 2 лажици пченкарен шеќер и гответе додека не омекне. Сервирајте со 1/2 чаша зготвен интегрален ориз.