Судот во Њујорк ја осуди Ана Сорокина, која лажно се претставуваше себеси како германска наследничка и милионерка, измамувајќи на тој начин повеќе њујоршки банки и хотели, на затворска казна од 4 до 12 години.
Имиграциската и царинската служба на САД соопшти дека ќе побара Сорокина да биде депортирана во Германија откако нејзината виза истече во 2017 година, објави АП.
Сорокина (28) беше прогласена за виновна минатиот месец поради измама од 200.000 долари и беше осудена за кражба.
Обвинителството рече дека таа, исто така, се обидела да украде уште неколку милиони преку разни измами.
Адвокатот на Сорокинова тврди дека таа ќе ги врати украдените пари, но обвинителството изјави дека нема „ниту еден цент сопствени пари”.